Охрид, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На јавна електронска аукција која ќе се одржи на 19 мај, ќе се врши продажба на подвижен имот на стечајниот должник „ЕМО“ АД Охрид.
За долгогодишниот загубар акционерското друштво „Емо“ од Охрид во јануари годинава беше отворена стечајна постапка. Тогаш, Управата за јавни приходи побара отворање на стечајна постапка, бидејќи фирмата должеше поголема сума на пари од неплатен данок и придонеси.
На аукцијата на 19 мај ќе се продава техничка опрема, канцелариски мебел и други предмети од уметничка вредност. (Крај)
извор: e-magazin фото: архива
Прочитано: 35