февруари 15, 2018

Охрид, 15. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – „Унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу заедниците во локалните самоуправи“ е темата на јавната дебата што утре ќе се одржи во Охрид.

Организатор е Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ и Агенција за остварување на правата на заедниците.

На јавната дебата излагања ќе имаат в.д директорот на Агенција за остварување на правата на заедниците, м-р Илхан Рахман, д-р Сретен Коцески од Институт за развој на заедницата од Тетово и проф.д-р Рубин Земон од Универзитетот Евро-Балкан од Скопје.Модератор на настанот ќе биде претседателот на Здружението Инклузија, Вахид Мемед.

Дебатата ќе се одржи во големата сала на општина Охрид со почеток во 13:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука