Пјонгчанг, 17. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јапонецот Јузуру Ханју влезе во историјата на Зимските Олимписки Игри.
Тој го освои златниот медал во слободната програма во уметничко лизгање, со што стана носител на јубилејниот 1 000-ти златен медал, откако почнаа да се одржуваат ЗОИ во 1924 година.
Воедно со одбраната на титулата во индивидуална конкуренција и стана прв лизгач кој успеал да освои две последователни злата после Американецот Дик Батон во 1948 и во 1952 година. (Крај)
извор: Сител фото: архива
Прочитано: 18