Ливерпул, 08. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Ливерпул иако во моментов има резултатска криза, до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во ЛШ,но менаџерот Јирген Клоп веќе размислува за некои потези што ќе ги повлече во летниот преоден рок.
Клоп сака ова лето да го ангажира габонскиот интернационалец од Дортмунд Пјер-Емерик Обамејанг, кој најави заминување од „Сигнал Идуна Парк“.
Ова лето се очекува од „Енфилд роуд“ да си замине Даниел Стариџ, а Клоп добиените пари за него сака да ги инвестира во купување на Обамејанг.Интерес за габонецот покажуваат и Реал Мадрид, Манчестер сити и Интер, па трката за неговиот потпис ќе биде жестока. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25