Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градежната оператива на ЈП „Нискоградба“ извршува градежни активности на повеќе локации во градот.
– Се работи на атмосферската канализација во населбата Далјан, фекална канализација кај бензиска пумпа Окта, санирање коловоз кај Крст џамија, поставување бехатонска подлога и оформување на тротоар во населба Рача. Одделението за Фекално одржување врши конрола на сливници за атмосферска вода на повеќе локации, и отстранува дефекти на фекална канализација на повик на граѓани, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 63