ЈП „Охридски комуналец“: Пред најавениот снежен бран, апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила
јануари 10, 2025

Охрид, 10. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Заради најавените снежни врнежи во текот на следните денови во охридскиот регион, од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните на Општина Охрид и приградските населби да ги дислоцираат моторните возила од коловозните површини.

Ова се однесува за централното градско подрачје, УЗ „Стар Град“, каде се тесни улиците, како и сите улици кои согласно категоризацијата се од највисок приоритет на интервенција, каде и движењето во зимски услови е отежнато.

– Само со координирана акција и активно учество на сите чинители, снегот навремено ќе се исчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот, велат од претпријатието.

Додаваат дека на овој начин ќе се овозможи непречено и успешно дејствување на ангажираната механизација и ќе се елиминира можноста за оштетување на паркираните возила при чистењето на снегот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука