Торино, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот шампион Јувентус се соочува со проблеми во пресрет на неделното дерби со Наполи.
По тешката повреда на Марко Пјаца, „старата дама“ најверојатно ќе биде и без вториот Хрват, Марио Манџукиќ за дуелот со „наполитанците“.
Тренерот Масимилијано Алегри не сакаше јавно да коментира, но медиумите откриваат дека Манџукиќ исто така има проблеми со коленото и дека нема да биде способен за настап за дерби дуелот против третопласираниот Наполи. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 27