Торино, 23. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус се вклучил во трката за потписот на играчот на Атлетико Мадрид, Николас Гаитан.
29-годишниот Аргентинец не е задоволен од статусот кој го има на „Винсенте Калдерон“ и сака да ја промени средината само една година откако стигна од Бенфика за 25 милиони евра.
„Бјанконерите“ веруваат во квалитетите на Аргентинецот и сметаат дека може да биде идеална замена за повредениот Марко Пјаца. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15