Торино, 29.мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јувентус и Интер може да направат сензационален трансфер во кои се вклучени главните напаѓачи, Гонзало Игуаин и Мауро Икарди.
„Кориере дела Сера“ пишува дека Јувентус го понудил Гонзало Игуаин плус 50 милиони евра за Мауро Икарди.Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, но таа важи само од 1 до 20 јули и тоа за клубови надвор од Италија.
Јувентус го цени Игуаин на 60 милиони евра и со дополнителните 50 милиони евра прави сума која би требало да го задоволи Интер кој добива и врвна замена за Икарди.
Информациите велат дека и Интер и Икарди ќе ја разгледаат понудата и наскоро ќе ја донесат одлуката. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива
Прочитано: 28