Манчестер , 22. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Бразилскиот играч од среден ред, Фред стана четвртиот најскап фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед, откако гигантот од „Олд Трафорд“ плати 52.5 милиони фунти на Шахтјор Доњецк по пет години во украинскиот клуб.
Бразилецот потпиша петгодишен договор со Јунајтед со опција за уште 12 месеци, и сега е второто засилување на премиерлигашот по Португалецот Диого Далот од Порто. Интересно, Фред беше „мета“ на градските ривали Манчестер сити, но тие не се договорија во јануари.
Фред, кој има осум настапи за бразилската репрезентација и е во составот за Русија 2018, ги поминал медицинските тестови уште пред стартот на шампионатот.„Фред ќе биде засилување на средниот ред, кое ни е потребно. Со неговата креативност ќе добиеме поинаква димензија во играта“, изјавил менаџерот Жозе Мурињо. (Крај)
извор: Топспорт фото: Манчестер јунајтед