јуни 6, 2018

Манчестер, 6.  јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Манчестер јунајтед, конечно, го потврдија трансферот на Фред од тимот на Шахтјор Доњецк, како прво засилување во летниот преоден рок.

Се верува дека договорот е вреден 52 милиони фунти со што Фред ќе биде петтото најскапо засилување за Манчестер јунајтед. Само Пол Погба, Ромелу Лукаку, Анхел ди Марија и Антони Марсијал ги чинеле повеќе „ѓаволите“ во нивната историја.

Жозе Мурињо сакаше да го засили средниот ред на неговиот клуб по неизвесната иднина на Маруан Фелаини и повлекувањето на Мајкл Керик.

25-годишниот Фред е дел од бразилската репрезентација на Светското првенство во Русија и додека тој беше на подготовки, неговиот агент, поранешниот фудбалер на Арсенал, Жилберто ги водеше преговорите со Јунајтед. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука