Охрид, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Љупчо Стојкоски – Лепи, кој на своите сограѓани често пати им приредува изненадувања за Охрид и Охридското Езеро снимени преку видео, овој пат сними нов материјал за подмладокот на Охридската пастрмка.
Младите единки на најпознатата риба се снимени на самото езерско дно, а преку видео материјалот е доловено како се здружуваат во јато.
Љупчо Стојкоски – Лепи е голем вљубеник во Охрид и Охридското Езеро. Пред извесен период тој објави видео за охридскиот крап на зимување во ладните води на езерото.
Погледнете го новото видео за младите единки на пастрмката. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Љупчо Стојкоски – Лепи
Прочитано: 26