април 4, 2018

Скопје, 4. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Владата на последната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот архив и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на овој прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив.

Како што стои во соопштението, Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј „Димитар Влахов“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука