Охрид, 2.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Собир на граѓани од Урбаната заедница 1-Стар град ќе се одржи денеска, со почеток во 19 часот во зградата на општина Охрид.
Вакви собири ќе се организираат и во текот на наредните денови, а на нив ќе се избираат членови на Советите на урбаните заедници.
Собирите на граѓани ги свикува градоначалникот на општината, врз основа на член 82 од Законот за локална самоуправа, членот 106 од Статутот на општина Охрид, и одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедници на територија на општината, а согласно правилата за работа на облиците на месната самоуправа во општина Охрид.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 5