март 12, 2017

Охрид, 12. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти март во Охрид ќе се одбележи годишнина од смртта на Кузман Шапкарев.

Шапкарев почина во 1909 година во Софија.

Тој е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина”, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин”, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија.

Роден е во Охрид, на 1 февруари 1834 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука