Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре ќе се спроведе акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Рача, Рамне и Велестово, информираат од ЈП “Охридски комуналец”.
Граѓаните кои живеат во овие села, доколку имаат ваков отпад, ќе треба уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е. “Механизација” со наведување на локацијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23