јануари 31, 2018

Охрид, 31. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот.

Може да аплизираат здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување кој го води градоначалникот на општина Охрид и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности.

Заинтересираните своите предлози мора да ги поднесат користејќи го формуларот за пријавување, достапен на веб страната на општината, www.ohrid.gov.mk.

Крајниот рок за прием на пријавите е 2-ри март до 16:00 часот. Целосната документација да се достави на адресата на општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака за јавниот повик.

За сите зaинтересирани апликантни на општинската веб страница дополнително ќе биде објавена информација за одржување на информативна сесија за овој повик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука