октомври 25, 2017

Торино,25. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот италијански голман и чувар на мрежата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, во јануари ќе го прослави својот 40.роденден, а на крајот од сезоната и дефинитивно ќе стави крај на активната фудбалска кариера.

Тој беше избран за најдобар голман во изборот на ФИФА за минатата сезона, што доволно говори дека и понатаму е во самиот крем на европскиот фудбал.

„Оваа сезона е последна за мене, и сигурен сум дека го правам вистинскиот потег. Една или две години повеќе на голот, нема да сменат ништо што досега не сум го постигнал“, изјави Џанлуиџи Буфон.

Јувентус како наследник на Буфон во моментов го има Војчех Шчешни. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука