Манчестер, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот на Манчестер јунајтед, Џес Лингард, го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до 2021 година и ќе заработува по 100.000 фунти неделно.
Англискиот репрезентативец дојде во Манчестер јунајтед на седумгодишна возраст и досега има одиграно 70 натпревари за „црвените ѓаволи“,сезонава тој настапи на 29 меча и постигна пет гола.
Лингард настапуваше како позајмен играч во Лестер, Бирмингем, Брајтон и Дерби Каунти, пред да дебитира за првиот тим на Манчестер јунајтед во сезоната 2014/2015. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: SkySports
Прочитано: 18