Валенсија, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Долгогодишниот играч на Челзи, Џон Оби Микел, е во преговори со шпанската Валенсија, потврди спортскиот директор на „лилјаците“.
Нигериецот веќе 11 години е дел од лондонскиот клуб, а оваа сезона под водство на менаџерот Конте не одиграл ниту еден натпревар.
Иако се шпекулираше дека фудбалерот ќе ја продолжи кариерата во Марсеј, се поверојатно е дека од оваа зима тој ќе настапува во дресот на Валенсија. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 2