Струга, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Џудо клубот „Дрим“ од Струга освои четири медали, од кои 1 сребрен и 3 бронзени на Меѓународниот турнир „Гладијатор опен 2017“ кој се одржа во Пловдив, Бугарија.
Клубот „Дрим“ настапи со четири натпреварувачи и освои 4 медали и пехар за најдобра странска екипа во конкуренција на полетарци.
Медали освоија: Анамарија Стојмиловска – сребрен, Александар Шулески, Доријан Петкоски и Вилијан Павловиќ – бронзи. (Крај)
извор: Ipon.mk фото: Ipon.mk
Прочитано: 25