јануари 14, 2021

Охрид, 14. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти и 14-ти јанаури 2021 година, во периодот од 17:00 до 01:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

– Притоа, констатирано е дека седум возачи управувале возила под дејство на алкохол, пет во Охрид и по еден во Струга и Кичево. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука