јуни 18, 2020

Охрид, 18. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во охридската Општа болница има уште три слободни кревети за прием на пациенти позитивни или суспектни на COVID-19, информира за Супер радио и OhridPress директорот д-р Горан Балевски.

На Инфективното одделение во моментов има 16 пациенти позитивни на коронавирус.

– Капацитетот на легла на Инфективното одделение е 18, со преадаптација и на други одделение стигнавме до капацитет да можеме да примиме 25 пациенти. Во моментов во болницата се слободни уште три кревети. За сомнителните случаи се обезбедени посебни услови согласно протоколите и насоките кои ни се дадени, вели д-р Балески.

Од минатата недела поради исполнетоста на болничките капацитети во битолската болница, која беше регионален центар, пациенти од Охрид и околината се примаат на Инфективното одделение во охридската болница.

Според статистиката моментално во Охрид има 65 пациенти активни на коронавирус. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 84 лица, две лица починаа, а 17 се излекувани. Охрид е петто место во државава по бројот на активни пациенти. Од направените тестирања во рамките на скринингот во градинките, во Охрид се потврдени два позитивни случаи.

Во вчерашната статистика во Охрид беа регистрирани 11 новозаболени од коронавирус. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука