Охрид, 11. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хит комедијата „Аналфабет“ во петок, 15-ти декември, на репертоарот на Охридскиот народен театар.
Претставата е работена по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во главните улоги играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Тодороска.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот, а влезниците по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба.
Поради тоа што се користат пиротехнички средства, претставата не е за лица помлади од 14 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22