Мадрид, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим не игра во најдобра форма и дека натпреварот со Севиља ќе биде тежок.
– Севиља е опасен тим – организирани се и имаат квалитетни играчи кои одлично се снаоѓаат во контрите. Сепак, тоа не е нивниот единствен квалитет. Можат и да ја чуваат топката, да вршат пресинг и да напаѓаат со повеќе играчи. Тие до крај ќе се борат за четвртото место, изјави Анчелоти.
Според него, натпреварот ќе биде ризичен, затоа што неговата екипа не го дава својот максимум во моментов.
– Имаме шанса да го зголемиме водството во однос на ривалите и поради тоа ќе излеземе со најсилниот состав. За титулата ќе се одлучува во завршницата, како и минатата сезона, но важно е да имаме предност, додаде италијанскиот фудбалски експерт.
Анчелоти го пофали Герет Бејл за неговите игри во последно време.
– Тој дава се` од себе за да и` помогне на екипата. Минатата година играше добро и даде гол во сите финални средби. Во моментов игра фантастично и мирни сме кога станува збор за него, заклучи Анчелоти. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива