Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Третиот квартал на 2019 година резултираше со девизен прилив од туризам поголем за 4,77% за разлика од истиот период минатата година, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
– Вкупниот девизен прилив за првите три квартали од тековнава година изнесува 308,05 милиони долари, што е за 3,03% раст споредбено со 2018 година. Трендот на пораст на девизниот прилив е континуиран и е во линија со очекувањата на АППТ дека тековната година ќе достигне 400 милиони долари девизен прилив од туризам во 2019 година или за 5% повеќе од минатата, 2018 година. Долгорочен и одржлив развој на туризмот е стратегијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која се практикува преку промоција на туристичките содржини на земјава во странство и поддршка овозможена преку различни проекти во земајава. Од друга страна, одржлив раст и зголемување на бројот на туристи несомнено придонесува за раст на економските активности поврзани со туризмот, намалување на сиромаштијата, зачувување на биодиверзитетот и менаџирање на природните ресурси, затоа, поддршката од сите засегнати страни за спроведување на политиките за реализација на стратешките цели е важна и истата обезбедува развој и одржливост на туризмот и туристичката индустрија, потенцираат од АППТ.
Во насока на ова, податоците за месец октомври 2019-та година покажуваат пораст на странските туристи за 19,3% и 11,3% кај домашните споредбено со истиот период во 2018-та година, додека вкупниот број на странски туристи во 2019-та година, согласно месец октомври е повисок за 6,1% кај странските, додека 1,8% кај домашните туристи во споредба со 2018-та година.
– Бројот на ноќевања го следи истиот позитивен тренд и 10-от месец од годинава е во пораст за 9,6% за разлика од лани, додека првите 10 месеци од 2019-та бележат раст од 2,4% во споредба со истиот период минатата 2018-та година. Земајќи предвид дека туризмот претставува силен стопански сегмент за развој на економијата и е еден од базичните двигатели на социо-економскиот напредок на развиените, но и на земјите во развој, ефектите се од истиот се повеќе од важни, а ги се гледаат од порастот на девизниот прилив, додека овозможнуваат подобрување на платниот биланс, креирање на нови работни места и пораст на инвестициите. Промоцијата и поддршката на туризмот очигледно помагаат во исполнување на стратешкиот план на АППТ со кој се очекува раст од 5% до 7% на бројот на туристи и ноќевања, односоно надмнување на бројката од 1,3 милиони туристи и приближно 4 милиони ноќевања, додаваат од АППТ. (Крај)
извор: АППТ фото: архива