Лондон, 1. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дејвид и Викторија Бекам, како илегендата на Ливерпул, Стивен Џерард се осомничени за затајување данок, пишува „Sunday Times“.
Даночните служби во Британија излегоа со соопштение дека тие добилезначителни даночни олеснувања, а парите биле инвестирани во британскатафилмска индустрија. Според информациите, тоа му заштедило на семејствотоБекам еден милион фунти, 396 илјади на Џерард, а пејачот Роби Вилијамс„сокрил“ околу два милиони фунти.
– Не разговараме за личните финансиски прашања на семејството. Неколку пати веќе кажавме дека семејството Бекам ги плаќа даноците во целост и неучествува во вакви шеми за криење даноци, изјавил портпаролот на семејството Бекам. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22