Струга, 24. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) -Денес и утре во хотелот „Дрим“ во Струга се одржува бесплатна обука за дигитален маркетинг за развој на руралниот туризам.
Организатори се Здруженијата Центар за одржлив развој АЛКА и Решенија за Развој (DeSo) од Скопје, а во рамки на потпроектот „Онлајн маркетинг и комуникација за одржлив развој на руралниот туризам“,
Учествуваат сопственици на капацитети за сместување од мал обем, хотели, ресторани и други даватели на услуги за рурален туризам и лица кои започнуваат со отварање на бизнис за развој на руралниот туризам.
Спроведувањето на обуката, во сферата на онлајн маркетинг и комуникации, претставува значаен придонес кон развојот на руралниот туризам во Македонија, како компонента за градење на капацитетите на испорачувачите на туристички услуги во руралните средини.
Во текот на траењето на пот проектот, ќе се спроведат вкупно 6 регионални обуки (опфат на различни дестинации), за онлајн маркетинг, комуникации и менаџмент, кои што би вклучувале најмалку 120 даватели на услуги за рурален туризам и други релевантни чинители. Обуките имаат за цел да ги зајакнат знаењата и вештините на корисниците во врска со вклучувањето на онлајн маркетингот во нивните секојдневни активности. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива