Охрид, 5. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид повикуваат на нова акција за расчистување на патот за „Беј Бунар“.
– Утре во 13:00 часот ЕКО акција по патот за „Беј Бунар“ (во боровите). Апел до сите оние кои се во можност, особено лицата кои живеат во близина, да дојдат за да се расчисти срамот на наши сограѓани во преубавата природа, повикуваат од „Енхелеус Лихнид“.
Ова Здружение е едно од најактивните во Охрид периодов наназад и со постојани ЕКО акции укажува на важноста за зачувување на чистата животна средина во градот и околината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24