Струга/Охрид, 10. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– На 29-ти март 2024 година во Струга, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.
Во друг случај, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед, извршен на улицата „Ристо Крле“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес