Струга, 12. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Билтенот на МВР носи информации за три случаи на физички напади случени во текот на вчерашниот ден во Струга.
На 11-ти октомври 2024 година, во 12:40 часот во ОВР Струга, 21-годишно лице од струшкото село Мороишта, пријавило дека околу 10:00 часот во селото Калишта, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од страна на две лица. Се работи на расчистување на случајот.
Во друг случај, на 11-ти октомври 2024 година, во 16:50 часот во ОВР Струга, 21-годишно лице од Струга пријавило дека околу 12:30 часот на кружниот тек наспрати Мороишки мост бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 11-ти октомври 2024 година, во 21:00 часот во ОВР Струга, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20:00 часот во населбата „Езерски лозја“ била физички нападната од страна на лице од Вевчани. Се работи на расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес