септември 4, 2024

Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, на катарстарски имот на булеварот „Железничка“ во Охрид, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен Државен орган, изградил приземен деловен објект. При контрола извршена од овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид било донесено решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука