Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Тој, во својство на закупец, без решение за реконструкција издадено од надлежен државен орган, извршил бесправна реконструкција, доградба и надградба на кровна конструкција на објект на улицата „Цар Самоил“ во Охрид кој се наоѓа во старото градско јадро на Охрид, прогласено за културно наследство од особено значење, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 12