Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот билтен носи информации за физички нападната жена од сопругот во охридско село и два случаи на пронајдена дрога.
На 28-ми април 2024 година, во 01:25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 49-годишно лице од Охрид. Тој бил забележан како од возило марка „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29-ти ноември 2024 година, во 03:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид физички ја нападнало неговата сопруга во домот во охридско село. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во возило во која се превезувал, извршена на улицата „ЈНА“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа марихуана. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес