ноември 14, 2019

Скопје/Охрид, 14. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Детектиран е интерес за посета на нашата земја на туристи од Израел, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

– Овој податок е поткрепен и со статистички показатели според кои бројот на израелски туристи во периодот од јануари до септември 2019 година е зголемен за 12% во споредба со истиот период лани. Забележан е раст од 15% и на бројот на остварени ноќевања, информираат од Агенцијата.

Директорот на АППТ Љупчо Јаневски денес оствари работен состанок со Градимир Шумковски, Почесен конзул на Израел, кои заедно со претставници од маркетинг агенцијата www.thinkcreative.org.il ги разгледаа можностите за соработка во делот на брендирање на дестинацијата и позиционирање на израелскиот туристички пазар.

Позитивен чекор во промоција на дестинацијата е маркетинг кампањата во Израел која е во организација на АППТ. (Крај)

извор: АППТ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука