јануари 31, 2022

Охрид, 31. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Оставката од функцијата советник во охридскиот совет ја поднесов од лични причини, изјави за Супер радио и OhridPress Димитар Велјаноски од граѓанската иницијатива „Охрид пред сѐ“, по повлекувањето од функцијата.

Тој додаде дека „Охрид пред сѐ“ и натаму ќе биде дел од мнозинството во Советот и дека остануваат на програмските определби за кои се залагале.

– Остануваме на програмските определби, на концептот што го имаше Граѓанската иницијатива, на се’ она што го заговаравме во предизборието. „Охрид пред сѐ“ ќе делува исто како и досега и останува дел од владеачкото мнозинство, рече Велјаноски.

Нема достапен опис

Велјаноски изјави дека на неговото место во советничкото столче ќе седне Леона Кичеец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука