Струга, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота ќе се реализира втората еко-акција за чистење на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје.
Акцијата е во организација на Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“, а поддршка и активно учество најавија и од тимот на MonVa Clear Kayaks and SUPs.
Нуркачите од „Норкач”, но и нуркачки клубови од цела Македонија и Србија ќе ги здружат силите за да го зачуваат природното богатство на Охридското Езеро.
– Оваа акција има за цел да го зачуваме природното богатство на Охридското Езеро и да ја подигнеме свеста за значењето на заштитата на животната средина. Преку оваа иницијатива, сакаме да придонесеме кон одржување на чистотата и убавината на нашето природно наследство, велат од „Норкач“.
Оттаму упатија повик до сите заинтересирани граѓани да учествуваат и да ги поддржат за успешно реализирање на оваа иницијатива. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива