Лос Анџелес, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викторија Бекам беше прогласена за најинспиративната жена во модниот бзинис за изминатата деценија.Поранешната пејачка и актуелен моден дизајнер ја победи конкуренцијата на годишната листа на списанието „Грејс“. „Пред десет години ја знаевме Викторија како една од Спајс девојките и дел од најпознатите парови, коментира главната уредничка на изданието Џејн Бартон.– Таа не ја крие својата љубов кон модата, додава таа.Викторија Бекам ја започна кариерата во модниот бизнис со џинс колекции од различни компании, за во 2008 година да започне да гради свој бренд. Во моментов нејзините колекции се дел од Лондонската и Њујоршката недела на модата и често можат да се видат на ѕвезди како Гвинет Палтроу и Опра Винфри. (Крај)извор: Stars фото: архива
февруари 24, 2015
@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука