Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на ВИС „Билјана“ од Охрид, во спомен на својот другар и колега Андреј Лаброски со вредна донација за Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
– Денес ја доставивме донацијата од концертот во чест на Андреј Лаброски во ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“ во Битола во износ од 70.000 денари. Донирани се витамини, адаптирана млечна формула, пробиотици, пелени, влажни марамчиња и кравјо млеко, информираат од ВИС „Билјана“.
Во организација на ВИС „Билјана“ од Охрид, на 16-ти јули 2024 година, на плажата „Сараиште“ се одржа концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 157