Скопје, 26. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Владата ги прифати оставките на првите луѓе на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони и АД за стопанисување со станбен простор и деловен простор.
На синоќешната седница Владата ги констатира оставките на Виктор Мизо и Цветко Грозданов, а кој ќе седне во овие фотелји ќе се знае на некоја од следните седници.
Покрај тоа именувани се неколку директори на јавни државни претпријатија, а избрани се и членови на управни и надзорни одбори. Владата претходно разреши околу 1.500 членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и институции, се наведува во соопштението од Владата.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26