Охрид, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во објектот на Mr.I, посетителите ќе имаат шанса да уживаат во одлична музика и пријатна атмосфера.
Струшката музичарка Анита Мицова ќе ја почести охридската публика со одлична забава. Вечерашната свирка во живо е насловена „Chill out night“. Одбрана музика ќе биде презентирана преку вокал и пијано.
Мицова ќе интерпретира нејзина авторска музика, како и познати хитови. Инаку, таа моментално е актуелна со двата последни синглови кои ги објави „Снег“ и „Биди Добар“, кои одлично котираат на македонските топ листи на радио станиците.
Почетокот на забавата е во 21 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Mr. I
Прочитано: 22