Скопје/Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Македонија е 790.152 лица, од кои вработени се 691.736, а 98.416 лица се водат како невработени.
Според истиот извор, стапката на активност во овој период е 52.1, стапката на вработеност 45.6, додека стапката на невработеност е 12.5.
Подетални резултати од Анкетата за работната сила во базата МакСтат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 23