Рим, 10. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Спортот во Италија ќе биде стопиран до 3 април. Ваква одлука донесе италијанскиот олимписки комитет и се очекува да биде потврдена денеска со посебен указ на италијанскиот премиер Џузепе Конте. Причината е опасноста од ширење на коронавирусот.
Премиерот Конте и министерот за спорт Спадафора веќе се известени за одлуката на италијанскиот олимписки комитет и веројатно ќе го исполнат неговото барање.
Забраната се однесува на натпреварите во Серија „А“, но не и за меѓународното учество на италијанските тимови.
Натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа се во надлежност на УЕФА. (Крај)
извор: Плусинфо фото: архива
Прочитано: 22