јуни 5, 2018

Охрид, 5. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од следната учебна година во охридскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“ ќе биде отворена паралелка со дуално образование, по принцип на германскиот образовен систем.

Пилот паралелката „Техничар за индустриска мехатроника“ беше промоворана пред професорите, учениците и охридските советници  Сашо Ставрески, Елеонора Куноска и Рената Арнаудова.

05_06_2018_DUALNO_OBR_03– Целта на овој проект е формирање паралелка со дуално образование. Истата ќе се формира на први септември учебната 2018/19 година и ќе брои 24 ученици. Учениците ќе учат по германски образовен систем односно 40% од наставата ќе се одвива во компаниите партнери, „Костал“, „ОДВ- Електрик“ и „ЛТХ- Лерница“, а 60 % од наставата ќе биде теоретска и ќе се реализира во нашето училиште, рече директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Сашо Недески.

На презентацијата беа присутни и претставници од делегацијата на Германското стопанство во Македонија кои се  координатори на проектот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука