ноември 25, 2017

Охрид, 25. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Следната сабота, 2-ри декември, во Охрид ќе биде промовирана збирката поезија „Слики од бунарот“ на авторката Марина Икономова – Шокева.

Станува збор за збирка на 40 песни со интимен и емоционален карактер.

Авторката дипломирала на катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и работи како професор во Охрид.

Промоцијата ќе се одржи во кафе барот „Шила“, со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука