Охрид, 14. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – На репертоарот на Охридскиот народен театар вечерва е театарската импровизација „Импровокација“.
И во оваа трета сезона импровокатори се Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски и Филип Кипровски. Во свој стил како што велат, оваа најнова епизода е закажана во „прајм тајмот на изборниот молк“.
„Импровокација“ ќе се одигра во подрумските простории на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 38