Струга, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за економски анализи (ЦЕА) и ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација во соработка со ЦОРЗ Дебар, а поддржани од Делегацијата на Европската Унија во Македонија, утре во Струга ќе извршат презентација на наодите од Квартален мониторинг на буџетската транспарентност на општините Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и Вевчани.
– Настанот има цел да ги посочи наодите од кварталниот мониторинг на буџетската транспарентност за дел од општините од Југозападниот плански регион и да отвори дискусија за начините за нејзино зголемување. Притоа ќе бидат изнесени искуствата кои локалната организација ги има стекнато во текот на мониторирањето на буџетските процеси на општините, позитивните практики од соработката со општините, како и забелешките кои локалната организација ги има за поминатиот квартал, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива