Охрид, 14. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Габриела, Виктор и Михаела се победници на мини-турнирот во кошарка кој се одржа денес во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, која ја организираат Витаминка, Тамаро маркетите и Супер радио.
– По прекрасното сончево време денес се одржа мини турнирот во кошарка за нашите ценети купувачи. На големиот паркинг пред „Тамаро“ маркетот кој работи во склоп на фабриката „Братство“ на улицата „7-ми ноември“ се одржа натпреварување во кошарка, фрлање на слободни, тројки и слично. Најдобри беа Габриела, Михаела и Виктор кои ќе добијат вредни награди, порачуваат од „Тамаро“.
Проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ трае во текот на месеците септември и октомври во Охрид како продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес