Охрид, 25. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ кој го организираат водечките охридски „Тамаро“ маркети и Супер радио.
Еден од сегментите на проектот е секако и големата сложувалка која е поставена на терасата на кафе бар „Shilla“, а која секојдневно се пополнува со по една коцка, која води до одговорот на прашањето и секако до вредните награди:
– Треба да направите фотографија од сложувалката и заедно со точниот одговор – кој производ на „Витаминка“ се крие зад сликата да ја испратите на профилот на „Тамаро“ на Facebook.
Септември и октомври 2017 година ќе бидат месеци на „Витаминка“ во Охрид, порачуваат организаторите на новиот проект „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“.
– Во текот на овие два месеци, а како продолжение на многуте акции кои ги спроведовме периодов наназад, ќе имаме многу интересни настани и многу забава и награди за купувачите на „Тамаро“. Ќе не има секаде, ќе ги наградуваме сите. Ќе има специјални награди за оние кои ќе погодат која слика се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, на терасата на кафе бар „Shilla“, ќе има донации за училиштата во Охрид, едната донација веќе беше доставена до ОУ „Григор Прличев“, ќе има секојдневни награди за слушателите на Супер радио, слатки акции во најдобрите охридски кафе барови, конкурс за најдобар цртеж со мотив од Охрид за охридските ученици, изложба на најдобрите цртежи, дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите со многу вредни награди – таблети, мобилни телефони, пакети со највкусните „Витаминка“ производи, маички и многу други. За најдобрите цртежи имаме посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп, додаваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес