Охрид, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Да живеете 55 милиони години, да преживеете неколку ледени доба, земјотреси, огромни настани на комплетно истребување, удари на метеори и астероиди…
– И тогаш човекот станува двоножен облик на живот, кој е овде само околу 220.000 години и е соучесник во истребувањето на овој прекрасен, долговечен бел носорог. Северниот бел носорог сега и официјално е истребен од планетата Земја, напиша угледниот National Geographic објавувајќи ја оваа тажна фотографија.
Северниот бел носорог (Ceratotherium simum cottoni) беше еден од подвидовите на Белиот носорог. Овој подвид се хранеше со трева и живееше на пасиштата и саваните. Во минатото северниот бел носорог бил распространет на териториите на северозападна Уганда, јужен Чад, југозападен Судан, источниот дел на Централноафриканска Република и североисточниот дел на Конго. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: National Geographic